Со 17 секунди предност Хулиан Аредондо од Колумбија триумфираше пред сонародниккот Фабио Дуарте на ридската етапа долга 171км.
Интересно е што токму денеска гостин на трката беше Колумбискиот министер за спорт Андрес Ботеро кој имаше и екстра можност за славје откако Наиро Квинтата од Мовистар го задржа водството со 1,41 минута предност пред Ригоберто Уран Уран на три етапи до крајот на трката.