Константин Ремчуков кој ја врши функцијата претседател на одборот на директори на фудбалскиот клуб Анжи, ја демантира информацијата дека клубот од Махачкала ќе го ангажира играчот на Манчестер Јунајтед и португалски репрезентативец Нани.
– Шпекулациите дека Нани доаѓа кај нас се неточни. Тоа е апсолутна невистина, изјави Ремчуков.
Околу својот статус во англискиот шампион и самиот Нани изјави дека неизвесен, а повеќе клубови покажаа интерес за добивање на неговите услуги во случај тој да го напушти „Олд Трафорд“. Меѓу нив се Монако и Зенит.
Англиските медиуми пренесоа информација дека Нани ќе биде продаден за 10 милиони евра.