Англиски медиуми: Чех во Арсенал за 15 милиони евра

Од:

Според пишувањата на медиумите во Англија, голманот на Челзи Петр Чех веќе го договорил трансферот во Арсенал.

Како што е наведено, „топџиите“ на „сините“ од Лондон ќе треба да им исплатат сума од 15 милиони евра.

Чех (33) минатата сезона го загуби местото прв голман и повеќето натпревари ги помина на клупата за резерви, а на голот беше Тибо Куртоа.

Во Премиер лигата шампион стана Челзи со 87 , а Арсенал заостана 12 бодови и заврши на третата позиција.

Одбранбениот фудбалер на Челзи Џон Тери изјави дека Чех на новиот свој клуб ќе им „сочува“ 12-15 бодови, така што Арсенал ќе биде еден од главните конкуренти за шампионската титула во новата сезона.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска