Ангеловски: Ждребката не беше на наша страна

Од:

Македонската фудбалска репрезентација доколку го совлада Косово во полуфиналето од Лига на Нации, натпреварот за пласман на ЕП 2020 ќе го игра на гости во Грузија или Белорусија, односно домаќин ќе биде подобриот од дуелот Грузија – Белорусија беше одлучено по денешната ждрепка за баражите во Лигата на нации во Нион.

Северна Македонија за да се пласира во финалето ќе мора да победи против Косово на домашен терен на 26. март 2020 година. Евентуалното финале, македонската репрезентација ќе го одигра на 31. март 2020 година.

Селекторот на македонската А репрезентација Игор Ангеловски изјави дека за нас најважен е натпреварот со Косово, а мотиви за евентуално финале нема да недостасуваат.

– Ждребката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. А, што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари, изјави Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска