Ангеловски: Верувам во овој избор на играчи

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија веќе два дена се наоѓа во Хаифа, Изреал каде вечерва во 20:45 часот (21:45 по локално време) го игра натпреварот од 7.коло од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018. Играчите синоќа имаа можност и да тренираат на стадионот „Сами Офер“, кој е со капацитет од 30.780 гледачи каде ќе се игра натпреварот.

– Во Скопје победи Израел, ние создадовме многу шанси, а се надевам дека на овој натпревар ќе имаме и добра реализација. Верувам во овој избор на играчи и мислам дека имавме добри подготовки и во натпреварот ќе влеземе максимално подготвени за да постигнеме добар резултат, истакна селекторот Игор Ангеловски.

Јунак на дуелот во Скопје беше голамнот на Изреал, Гореш кој го одбрани и пеналот на Едис Јаџовиќ во последната минута.

– Не го знам составот на противникот, кога ќе го имам ќе можам поконкретно да кажам нешто. Се надевам дека кој и да биде на голот нема да биде така успешен како голманот на Изреал на дуелот во Скопје, изјави Ангеловски.

Македонија и Израел имаат одиграно четири натпревар меѓусебе и Израел има победи на сите дуели.

Натпреварот ќе го суди Алексеј Есков од Русија.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска