Ангеловски: Сите кои ќе добијат шанса должни се да дадат максимум

Од:

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра четвртиот натпревар од Лига на Нации, во Скопје гостува Грузија. Селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев на денешната прес-конференција најавија максимално залагање од сите што ќе добијат шанса за настап и игра без калкулации.

– Без разлика што не го остваривме планираното во Естонија, но не да заборавиме дека нашата главна цел ја стигнавме, Македонија е на чекор на ЕП. Утре имаме натпревар со противник со кој ќе се сретнеме во финалето, без разлика на сите отсуства, сите кои ќе истрчаат на теренот, должни се да го дадат максимумот. Прв пат играме во седум дена три натпревари, првиот натпревар беше многу важен од секаков аспект. Ако селекции од Италија, Шпанија ротираат, што останува за селекции како што сме ние. Селекторот на Грузија исто има проблеми со повреди и отсуства, но на нас селекторите е да го искористиме тоа што го имаме. Не верувам дека и тие не сакаат да бидат на првото место во групата. Не очекувам противникот да калкулира со составот, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Победа за прво место во групата посакува и капитенот Горан Пандев.

– Сигурно дека тие што сме тука ќе го дадеме максимумот. Ова е трет натпревар за нас знаеме Косово колку не истроши и психички и физички. Сепак спремни сме утре да излеземе и да го добиеме натпреварот. Ние што сме тука сите конкурираме за првите 11. Ова е еден пеколен ритам и не може секогаш да се победи, таков е фудбалот. Наша цел е утре да победиме и да дојдеме на чекор од таа прва позиција, изјави капитенот Горан Пандев.

Натпреварот меѓу Македонија и Грузија ќе се игра утре на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20.45 часот.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Македонија против Фарските Острови: Реми и многу промашувања

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска