Ангеловски: Силните противници дополнителен мотив за сите играчи

Од:

Македонската фудбалска репрезентација во некомплетен состав, без отсутните Пандев, Несторовски, Алиоски, Ристевски и Стјепановиќ кои подоцна ќе се приклучат, ги започна подготовките пред натпреварите со Турција (5 јуни) и квалификацискиот дуел со Шпанија (11 јуни) во Скопје.

Селекторот Игор Ангеловски вели дека фокусот прво е на Турција, а обврска на сите е да го дадат максимумот.

– Турција е фудбалска велесила и ќе биде дополнителен мотив за сите играчи. Реков дека и на пријателски дуели сакам да играм против квалитетни селекции. Посакувам играчите да бидат на нивото на претходните мечеви и да го дадат најдоброто од себе. Не смееме однапред да се предадеме, мора да го дадат максимумот. Имаме препознатлива игра која во последните мечеви почна да носи и резултати, изјави Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска