Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски изјави дека 2017 година е најуспешна во историјата на македонскиот фудбал.
– Првпат една репрезентација играше на Европско првенство, младите селекции постигнаа одлични резултати, Вардар стана првиот наш клуб што обезбеди место во група од Лигата на Европа, Супер Купот на УЕФА е најголемиот спортски настан во нашата спортска, а резултатски годината беше најуспешна и за А репрезентацијата со пет, три нерешени натпревари и пораз само од Шпанија, вели македонскиот селектор.
Ангеловски очекува во 2018 година да продолжи позитивната атмосфера во репрезентацијата.
– Очите во А репрезентацијата се секогаш вперени, а во 2018 година ќе бидеме сконцентрирани на Лигата на нации. Секој член на репрезентацијата е задолжен за позитивната атмосфера и се надевам дека ќе биде уште подобро, истакнува предводникот на „рисовите“.