Ангеловски го соопшти составот за Австрија и Израел

Од:

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски повика 23 фудбалери за претстојните два натпревари против Австрија (16. ноември, „Ернст Хапел“, Виена) и Израел (19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за ЕУРО 2020.

Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски поради жолти картони нема да бидат во комбинација за настап за натпреварот против Австрија, додека поради повреда Аријан Адеми ќе ги пропушти последните два квалификациски натпревари од циклусот за Европското првенство 2020.

Деби за сениорите ќе направи фудбалерот на Вардар, Даниел Аврамовски, а повратник во тимот е Никола Ѓорѓев од швајцарски Грасхоперс.

Би можело да ве интересира

Македонската фудбалска репрезентација обезбеди најдобар пласман во еден квалификациски циклус

Одложен натпреварот на Македонската фудбалска репрезентација против Фарски Острови

Ана Ололовска

Неизвесен натпреварот на младата репрезентација со Фарски острови

Милевски: Теренот е замрзнат, мора да импровизираме

Ангеловски: Шансата за третото место за нас е голем мотив

Ана Ололовска

Квалификации за ЕП 2020: С.Македонија поразена од Австрија

Ана Ололовска