Ангеловски го објави списокот за плејофот со Косово и двете пресметки од Лига на нации

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот за натпреварот против Косово (8 октомври, Национална арена „Тодор Проески“) од полуфиналето во Лига на нации за пласман на Европското првенство и двата натпревари против Естонија (11 октомври, Талин) и Грузија (14 октомври, Национална арена „Тодор Проески“) од новото издание на Лига на нации.

Елиф Елмас од Наполи нема да биде во составот на македонската репрезентација поради позитивен тест на Ковид-19.

Во националниот тим се враќа Ферхан Хасани од фински Хелсинки. Вкупно 23. фудбалери се наоѓаат на списокот на селекторот Ангеловски.

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Даниел Божиновски.

Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски и Кристијан Тошевски.

Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Езѓан Алиоски, Тихомир Костадинов и Ферхан Хасани.

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски, Влатко Стојановски и Крсте Велковски.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Македонија против Фарските Острови: Реми и многу промашувања

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска