Ангеловски ги одреди фудбалерите за дуелот со Норвешка

Од:

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски повика 21 фудбалер за пријателскиот натпревар со Норвешка закажан за 11 ноември на Национална арена „Филип Втори“ во Скопје.

Повик од Ангеловски добија:

Голмани: Столе Димитриевски, Давид Митов Нилсон

Одбрана: Стефан Ристовски, Кире Ристевски, Кристијан Тошевски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков и Висар Муслиу;

Среден ред: Стефан Спировски, Ферхан Хасани, Езџан Алиоски, Енис Барди, Бобан Николов, Никола Ѓорѓев, Љупчо Дориев, Аријан Адеми, Марјан Радески;

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски.

Македонија во последниот период бележи добри резултати и прогрес на ФИФА ранг листата, па средбата со Норвешка ќе биде можност да се заокружи со позитивен резултат успешната 2017 година.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска