Карло Анчелоти ја освои наградата за менаџер во септември во англиската Премиер лига.
Тренерот на Евертон го трансформираше тимот на лето со нови засилувања како Хамес Родригез и тимот забележа четири победи од четири натпревари и е лидер во поредокот.
Во овој период, тимот постигна осум гола и прими три.
Генерално, Евертон ги прибра месечните награди откако и напаѓачот Доминик Калверт-Левин стана најдобриот играч за септември.