Анчелоти: Јовиќ е сериозен играч, проблем е што е мрзлив

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека српскиот напаѓач Лука Јовиќ ќе биде добар во Фиорентина. Исто така, тој рекол дека проблемот е што српскиот фудбалер е малку мрзлив.

Јовиќ на своето деби за Фиорентина постигна четири гола во период од 28 минути во пријателскиот натпревар против Реал Виченца.

„Јовиќ е одличен напаѓач. Тој не е многу подвижен, но силен е во шеснаесетникот и игра добро со глава и со двете нозе. Сериозен играч. Ако е мотивиран, убеден сум дека ќе биде добар во Фиорентина. Недостатоци? Понекогаш е мрзлив, му треба поттик“, изјави Анчелоти за„Firenzeviola.it.

Лука Јовиќ неодамна пристигна во Фиорентина без отштета, но Реал Мадрид ќе добие 50 отсто од неговиот следен трансфер.

Реал го купи српскиот напаѓач во 2019 година од Ајнтрахт за сума од 63 милиони евра.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач во Турција влезе на теренот и нокаутираше играч на Фиорентина

Предраг Петровиќ

Винченцо Италијано ќе ја предводи Фиорентина

Жарко Настоски

Гатузо нов тренер на Фиорентина

Прандели позитивен на коронавирус, Фиорентина во изолација

Рибери ги повика Геце и Манџукиќ да потпишат за Фиорентина

Ландов

Де Роси ќе застане на чело на Фиорентина

А1он