Винченцо Италијано ќе ја предводи Фиорентина

Од:

Италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина го назначи денеска Винченцо Италијано за нов шеф на стручниот штаб, потпишувајќи договор за двегодишна соработка со опција неговиот престој во клубот да биде продолжен за уште една година.

Досегашниот тренер на екипата на Специја седнува на клупата на Фиорентина на местото на Џенаро Гатузо, кој на почетокот на овој месец неочекувано замина по нецели три недели откако беше назначен за тренер на клубот од Фиренца.

Фиорентина минатата сезона во Серија А ја заврши на 13. место.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Навивач во Турција влезе на теренот и нокаутираше играч на Фиорентина

Предраг Петровиќ

Пеколните температури би можеле да го одложат почетокот на сезоната во Серија А

Анчелоти: Јовиќ е сериозен играч, проблем е што е мрзлив

Италијаската федерација сè уште не планира да го одложи натпреварот од Суперкупот меѓу Интер и Јувентус

Катерина Ѓуровски

Речиси стопроцентна вакцинираност во италијанската Серија А

А1он