Анатолиј Карпов доаѓа во Скопје на „Опен Карпош 2013“

Од:

Анатолиј Карпов, еден од најдобрите светски шахисти, ќе биде специјален гостин на Меѓународниот шаховски турнир „Опен Карпош 2013“, што ќе се одржи од 9 до 16 март годинава.

За турнирот што го организираат општина Карпош и шаховскиот клуб „Гамбит Ассеко СЕЕ“, досега се пријавени 130 шахисти од кои 80 се странски, од 26 земји. Најбројни се шахистите од соседна Србија со 16 учесници, потоа следат Грците со девет и Бугарите со осум шахисти. Наградниот фонд на третото издание на турнирот изнесува 50.000 евра од кои 4.500 ќе ги добие победникот.

Поранешниот светски првак Антолиј Карпов е роден во Златоуст, Русија во 1951 год. Тој научил да игра шах на четири години, а на 15-годишна возраст станал најмлад советски играч што некогаш ја добил наградата национален мајстор. Многу бргу напредува, па веќе на 24 години во 1975 година станува светски првак во шах.

Титулата светски првак ја задржува до 1984 година кога во маратонски меч по 48 партии од кои 24 последователни реми партии против Гари Каспаров, бара мечот да биде одложен. ВО наредната 1985 година Карпов ја губи титулата од Каспаров.

Велемајсторот Анатолиј Карпов важи за еден од најдобрите светски шахисти на сите времиња, поради неговата неколкудецениска прва позиција помеѓу шаховската елита. Освоил преку 160 први места на турнири и достигнал рејтинг од 2.780 поени.

Би можело да ве интересира

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов