АМС со еден милион денари ги награди македонските ракометари до 21 година

Од:

Агенцијата за млади и спорт додели 1 милион денари на Ракометната Федерација на Македонија за значајниот успех на нашите ракометари до 21 година, кои на Светското првенство во Алжир го освоија 6-то место.

– Го вреднуваме трудот на младинските категории во спортот. Само со дополнителна поддршка може да продолжиме со успешните резултати и привлекување на што поголем број на млади луѓе да се занимаваат со спорт, се вели во соопштението на АМС.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски изјави дека континуираната поддршка на спортистите кои постигнуваат успех ќе продолжи, залагајќи се за неселективен пристап, законска и транспарентна постапка при доделувањето на средствата.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он