Американецот Медфорд нов играч на МЗТ

Од:

Доскорешниот кошаркар на литванскиот прволигаш Невезис, Лестер Медфорд (25 години) од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша едногодишен договор со можност да биде продолжен за уште една сезона.

– Станува збор за брз и продорен плејмејкер, чија задача ќе биде организација на играта на тимот од „Јане Сандански“ во претстојната сезона во која ќе се атакува на трофеите во двете домашни натпреварувања, како и на висок пласман во АБА2-лигата. Медфорд во Литванија одигра 26 средби на домашна сцена со просек од 12,8 поени, 2,8 скока и 3,5 асистенции додека беше далеку поефикасен во ФИБА Еврокупот, каде што на шест меча просечно реализираше 16,5 поени, 2,5 скокови и 3,7 асистенции, објави клубот од Аеродром на својот сајт.

Во текот на својата кариера Медфорд настапуваше и за Женева Лајонс (Швајцарија), Фалко Шомбатели (Унгарија), Индијан Хилс и Бејлор Беарс (САД).

Тој второто засилување за МЗТ Скопје Аеродром во текот на летниот преоден рок, по повратникот Љубомир Младеновски, а е четврти потврден кошаркар во ростерот на тренерот Ѓорѓи Кочов, заедно со Дарко Соколов и Андреј Маслинко.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он