Американец од Бешикташ го комплетира ростерот на МЗТ Скопје за новата сезона

Од:

Американскиот кошаркар Тодрик Гочер е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром. Според најавите од таборот на „сино-белите“, 27-годишниот Гочер е последниот играч што доаѓа во тимот пред стартот на новата сезона.

– Станува збор за исклучителен бек-шутер, кој во нашиот тим доаѓа по сезона мината во силниот турски прволигаш Бешикташ, со кој настапуваше и во престижната Лига на шампионите на ФИБА. Гочер во турското првенство настапи на 23 средби со просек од 9,4 поени, 4,7 скока и 2,3 асистенции додека во ЛШ на 16 меча просечно реализираше 10,8 поени, 3,5 скока и 1,6 асистенции. Претходно има настапувано во два грчки тима и тоа Короивос и Ифаистос, како и за француски Шоле. Пред да дојде во Европа, во американската НЦАА-лига настапувал за престижниот Тексас Тек универзитет, каде што бил најдобар во тимот во последната година од студиите, информираат од МЗТ Скопје.

Новото првенство клубот од Аеродром ќе го дочека со седуммина македонски репрезентативци и четворица интернационалци.

Покрај Гочер од странците дресот на МЗТ ќе го носат и Феми Олуџоби, Хасани Гравет и Андрија Бојиќ.

Од Македонците тука се: капитенот Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Кристијан Николов, Адем Мекиќ и Филип Бакоч.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он