Во Светската група од Дејвис купот викендот завршија сите четвртфинални мечеви по што познати се полуфиналните двојки.
Хрватска во Вараждин го победи Казахстан со 3:1 и во следната рунда оди на САД кои изборија триумф над Белгија со 3:0 веќе по вториот ден од меѓусебната пресметка.
Најнеизвесно беше во Валенсија, каде Давид Ферер во драматичен меч го победи Филип Колшрајбер и обезбеди 3:2 за Шпанија против Германија.
Противник на шпанските тенисери во полуфиналето ќе биде репрезентацијата на Франција која славеше триумф над Италија со 3:1.