Алжир забележа историска победа над Јужна Кореа од 4:2, во натпревар од второто коло во Х групата на Светското првенство.
Така влегоа во историјата како прва африканска репрезентација која на натпревар од светско првенство постигнала најмалку четири голови.
Алжирците победата ја обезбедија во првото полувреме кога во интервал од 12 минути (од 26. до 38. минута) постигнаа три гола.