Репрезентацијата на Алжир обезбеди пласман меѓу 16-те најдобри селекции на светот, откако вечерва „пустинските лисици“ одиграа 1:1 со Русија.
Алжир направиј историски успех и за првпат обезбеди осминафинале со што закажаа дуел со Германија во понеделник.
Ислам Слимани ја шокираше Русија, а Вахид Халилхоџиќ го надмудри Фабио Капело, па Алжир сосема заслжуено ќе игра осминафинале, за разлика од Русите, кои како големи фаворити разочарувачки го завршуваат СП со само два освоени бода.
Русите поведоа на стартот преку Александар Кокорин, но не успеаја да ја запечати победата.