Тренерот на македонскиот ракометен првак Вардар 1961 Стевче Алушовски изрази задоволство од триумфот на Мотор (32:27) во регионалната СЕХА лига, оценувајќи оти тимот ја крева формата во најважниот дел од сезоната.
-Моите играчи ја заслужија победата, бидејќи во текот на целиот натпревар бевме подобар тим од Мотор. Нè чека борба на четири фронта и затоа мора да ја кренеме формата од натпревар во натпревар. Пред нас е најважниот дел од сезоната. Имаме проблеми со ростерот поради кратката ротација, но се трудиме на најдобар можен начин тоа го компензираме со игра ’седум на шест‘, изјави Алушовски.
-Покажавме карактер и докажавме дека Вардар никогаш не смее да се отпише. Вардар има квалитет, Макотрпно работиме и се надевам на уште подобри игри во претстојниот дел од сезоната, додаде тренерот на Вардар.