Алонсо жали што не ја напушти Формула 1 пред 2018 година

Од:

Возачот на Алпин, Фернандо Алонсо, жали што не се повлече од Формула 1 пред 2018 година.

– Дали се каам за нешто? Веројатно само за едно – тоа што заминав предоцна. Морав да ја напуштам Формула 1 порано. Сега е лесно да се каже, но не требаше да чекам до 2018 година. Требаше да заминам во 2015 или 2016 година, две години порано, да го пробам Дакар и трките за издржливост. Веќе во 2015 година имав такви размислувања, но ми требаше време за да одлучам. Можеби премногу време, изјави Алонсо за Планет Ф1.

Во 2015 година, шпанскиот пилот се пресели од Ферари во Мекларен. Во 2018 година донесе одлука да се повлече од Формула 1, но во 2020 година се врати и стана возач на Алпин. Актуелниот договор на 40-годишниот Алонсо со Алпин е со важност до крајот на сезоната 2022 година.

Би можело да ве интересира

Саинц победи во Сингапур

Алонсо не планира да ја напушти Барселона

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он