Алонсо за „офроуд“ тестот: Дините на почеток се шокантни

Од:

Двократниот шампион во Ф1, Фернандо Алонсо, рече дека искачувањето на дините во пустината во Намибија во почетокот било шокантно.

Шпанецот ги започна неделава вонредните подготовки за можно учество во рели Дакар 2020 со Тојота. Алонсо тестира во Намибија од вторник до крајот на неделава. Тоа е многу потежок за навигација терен во споредба со пустината Калахари, каде што 38-годишниот Алонсо за прв пат тестираше „Тојота Хилукс“ во март 2019 година.

За време на тестот, Алонсо имаше за задача да ја премине познатата дина број 17 на Намибија, која е висока околу 380 метри.

– Беше многу интересен ден. Секако, на почетокот дините беа шокантни. Нашето минување низ нив мора да биде со респект. Тие бараат посебна техника што сè уште не сум ја совладал, рече Алонсо.

Во тестот на Намибија, Алонсо се здружи со шампионот на Дакар, Жиниел де Вилие од 2009 година и петкратниот победник кај моторите – Марк Кома.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он