Алонсо успешно го започна релито во Саудиска Арабија

Од:

Пилотот на Тојота, Фернандо Алонсо ја заврши првата фаза од својот нов предизвик за рели-предизвикот „Ула-Неом“ во Саудиска Арабија.

Шпанецот и неговиот навигатор Марк Кома го завршија првиот дел, нешто подолг од 211 километар, на четвртото место. Нивното време беше 55 минути – осум минути зад победникот во етапата Јасир бин Сеидан со МИНИ.

Втор етапата ја заврши Шеик Калид ал-Касими со Пежо, а потоа следеше фаворитот Јазид Ал-Ражки со Тојота Хилукс. Ал Ражки забави поради пуканата гума, а неговото заостанување од првото место беше нешто повеќе од шест минути.

И покрај тоа што имаше добар ден, Алонсо се пожали на недостаток на моќ на неговиот тим, открива шпанското издание на „Марка“. Од Тојота го убедиле Алонсо дека по промената на софтверот, во втората фаза пилотот ќе има поголема брзина.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он