Шпанскиот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо е пуштен од болницата каде помина три дена по несреќата на тест возењето во Каталонија.
Алонсо ја напуштил болницата на сопствено инсистирање и покрај барањето на лекарскиот тим да го задржат на понатамошни испитувања.
– Со задоволство објавуваме дека Фернандо ја напушти болницата и му се придружи на своето семејство во Шпанија каде ќе продолжи со рехабилитацијата.
Замена за Алонсо за времење на тест возењата во Мекларен ќе биде Кевин Магнусен.
Изминатите денови се појавија многу шпекулации за несреќата на Алонсо, но од Мекларен потврдија дека силниот ветар бил „виновникот“ за излетувањето од патеката.