Двојниот светски првак, Шпанецот Фернандо Алонсо со Ферари беше најбрз во текот на првата слободен тренинг сесија пред Гран При на Белгија во Формула 1.
Во првите 15 минути најбрз беше Џенсон Батон со Мекларен, но потоа заврна дожд и патеката стана премногу влажна за мазните гуми и премногу сува за интермедија.
Сесијата живна 45 минути по почетокот, кога прво Марк Вебер направи најбрза турнеја.
Следеа добри времиња на Серхио Перез, Џенсон Батон, Нико Розберг, Даниел Рикиардо, Луис Хамилтон, Алонсо, Пол ди Реста и Серхио Перез.
Фернандо Алонсо сепак беше најбрз со 1:55,195 минути, а обидот на Ди Реста од Форс Индија да одговори на Шпанецот стигна само за второ време. Со трети резултат заврши неговиот клубски колега Адријан Сутил.