Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, отвори музеј и картинг патека во ЛаМоргал во родната шпанска покраина Астурија.
Алонсо на отворањето пристигнал со своето семејство, а добил поддршка од поранешниот шеф од Рено Флавио Бриаторе, од првиот човек на Автомобилистичката федерација на Шпанија Карлос Гарсија и од директорот на Мекларен Ерик Булие.
„Ова е посебен ден за мене бидејќи ова е резултат на неколкугодишното планирање и реализација на она што го замислив со мојот татко. Исто така сум презадоволен што најдовме толку работи кои можеме да ги изложиме во музејот“, рекол Алонсо.
Во музејот се наоѓаат сите болиди кои ги возел Алонсо во текот на својата кариера во Формула 1, кацигите кои ги добил од своите ривали, комбинезоните кои ги носел и трофеите кои ги освоил.
„Има уште место за трофеи и се надевам дека уште многу ќе пристигнат во овој музеј“, рекол двојниот Ф1 шампион.
Она што музејот го прави посебен е картинг патеката која сам ја осмислил и на која ќе се обиде да им ги исполни сништата на голем број на деца.