Единствениот противник на Себастијан Фетел во походот за титулата, Фернандо Алонсо изјави дека нема да се предаде и ќе се бори до самиот крај.
Тој додаде дека е чудо што сеуште е во борба за светската титула.
– Мислам дека бев добар во квалификациите ако видиме како се одвиваа последните неколку трки и моите шанси за подиумот се реални. Ова ќе биде моја цел бидејќи знам дека во реални услови немаме шанси за победа. – изјави Алонсо.
– Исто така знам дека ако имам надеж за титулата, поверојатно е да сметам на откажување на Фетел отколку да завршам пред него. Поради тоа се надевам на хаотична трка и дождот како важен фактор кој ќе претставува ризик за сите. Болидот не е сетиран за дожд, но не е дека не е навикнат за такво нешто. Чудо е што пристигнувам на последната трка во борба за титулата, бидејќи во реални услови ќе се збогувавме со титулата во Монца или во Сингапур. Сепак, тука сме сеуште во игра и дефинитивно нема да се предадам!, – заврши Алонсо.