Двократниот светски шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо веќе размислува за кариера по завршувањето на онаа во Ф1. Пилотот на Ферари откри дека сонувал да се занимава со дизајн на патеки за „летечкиот циркус“.
„Многумина од вас ме прашаа што мислам да правам во иднина, кога нема да се натпреварувам повеќе. Некои претпоставуваат дека ќе се основам сопствен тим, а други даваат секакви налудничави идеи. Овие предлози се интересни и би се радувал да ги остварам, но вистинскиот сон е Берни да ми дозволи да создадам своја патека, како картинг патеката што се гради по мој дизајн во мојот роден град Овиедо”.
„Сакам да се заблагодарам на многубројните фанови во Валенсија минатата недела. Тоа беше една од моите најспецијални победи во кариерата. Во моментов економската ситуација во Шпанија е многу лоша и знам какви економски жртви имаат направено овие луѓе за да дојдат и да ме гледаат. Не можам да бидам посреќен поради тоа што успеав да ги израдувам со победа”, изјави тој.