На првата атлетска дисциплина одржана на Игрите во Рио одржана попладнево беше поставен и светски рекорд.
Во трката на 10.000 метри во женска конкуренција првото место и златниот медал и припадна на Алмаз Ајана од Етиопија. Таа патеката ја истрча за 29:17.45 минути и со тоа го собори 23 години стариот рекорд на Јунксиа Ванг од Кина.
Второто место го освои Вивиан Чериот од Кенија, а трета на целта стигна Тирунеш Дибаба од Етиопија, која пропушти шанса да го одбрани златото од Лондон.
Ајана (24) е непоразена оваа сезона и е една од главните фаворитки во трката на 5.000 метри што ќе се трча на 19 август.