Алкасер по трансферот во Борусија: Вистинско решение за мене

Од:

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк откако напаѓачот Пако Алкасер потпиша постојан договор со клубот изјави дека Шпанецот ќе биде вреден дел од развојот на тимот.

– Пако се интегрира брзо во составот и ќе биде вреден дел од нашиот развој. Тој е врвен стрелец и веќе ни донесе некои многу важни успеси. Со нетрпение очекуваме да продолжи да бележи многу погодоци и да асистира за такви во наредните години, изјави Цорк.

Дваесет и пет-годишниот фудбалер се приклучи на Борусија Дортмунд од Барселона на изнајмување во текот на летото и веднаш импресионира со својата игра, реализирајќи девет гола во шест натпревари, вклучувајќи и победоносниот погодок при успехот со 3:2 над шампионот Баерн Минхен дома на „Сигнал Идуна Парк“.

– Многу сум среќен во Дортмунд, во овој прекрасен тим. Борусија Дортмунд беше и е вистинското решение за мене. Ќе дадам се од себе да се заблагодарам за довербата, изјави среќниот Алкасер по потпишувањето на договорот.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Себастиен Але непрепознатлив по борбата со ракот на тестисите

Џовани Симеоне пред потпис за Борусија Дортмунд

Луис Суарез во Дортмунд?

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска