Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Вимблдон откако денес го победи Британецот Камерон Нори со 6-2, 6-3, 6-3 во четвртфиналето. Мечот траеше еден час и 41 минута.
Алкараз е второпласиран тенисер во светот, додека Нори е 61-ви на АТП листата. За разлика од претходните кола, двократниот освојувач на Вимблдон постигна победа без поголеми проблеми и со тоа помина меѓу првите четири на турнирот.
Алкараз ќе игра во полуфиналето на Вимблдон против Американецот Тејлор Фриц, кој претходно денес го победи Русинот Карен Хачанов со 6-3, 6-4, 1-6, 7-6 (7-4).
Преостанатите два пара од четвртфиналето на Вимблдон ќе се играат утре кога ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ (Србија) – Флавио Коболи (Италија) и Јаник Синер (Италија) – Бен Шелтон (САД).