Алкараз се надева на победа-има психолог кој му помага да се соочи со Ѓоковиќ

Од:

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз откри дека заедно со психолог се подготвува за финалето на Вимблдон против Новак Ѓоковиќ. По неговото „потонување“ на нивниот меч на Ролан Гарос, актуелниот тенисер број еден во светот сака да биде целосно подготвен за мечот за титулата во Лондон.

„Ќе се обидам да не излезам на теренот со толку напнати нерви колку што веројатно бев на Ролан Гарос, каде воопшто не уживав во првиот сет. Сега сакам да направам нешто сосема друго, да ја „исклучам“ напнатоста и да уживам во моментот. Ќе биде поинаку.

„Се надевам дека нема да имам грчеви во очите за финалето. Мислам дека ќе бидам подобар во недела“, рече тој.

„Имам психолог кој работи со мене од почетокот на 2020 година. Таа многу ми помага. Ќе разговарам со неа како да се подготвам за натпреварот, тоа е важен момент за мене. Нема да биде лесно, но ќе разговарам со неа“, додаде Шпанецот.

Алкараз има искуство со освојување на Грен слем, бидејќи е актуелен шампион на УС Опен, што засега е негов единствен трофеј со најголема тежина. Сепак, тој тврди дека би поставил триумф на Вимблдон пред таа победа во Њујорк.

„Веројатно тоа ќе биде најдобриот момент во мојот живот. Би бил навистина емотивен момент за мене. Ќе се обидам да останам смирен, бидејќи за Новак тоа е уште еден ден, уште еден момент. А за мене тоа ќе биде најдобриот момент во мојот живот“, изјави Алкараз.

Дуелот за титулата на Вимблдон ќе започне во недела од 15 часот.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

Каспер Руд го совлада Алкараз во два сета на завршниот турнир во Торино

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Би го направил тоа доколку освојам злато“

Алкараз со неверојатна леснотија влезе во финалето на Олимписките игри

Предраг Петровиќ