Алкараз: „Немам поим – како да зборуваш на кинески“

Од:

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се појави пред медиумите во пресрет на вториот Гренд слем во сезоната, Ролан Гарос.

Тема на конференцијата беше и скандалот со допинг на двократниот шампион на Гренд слем турнирите во двојки, Макс Персел, кој се изјасни за виновен за користење „забранети методи“, бидејќи несвесно примил витаминска инфузија во недозволена количина од над 100 милилитри во период од 12 часа.

Документите на ITIA (Меѓународно здружение за тениски интегритет) покажаа дека тој лажирал повреда за да ја оправда инфузијата и „пребарал на Google“ сè за дозволената граница под 100 милилитри.

Новинарот го праша Алкараз дали мисли дека има проблем со инфузиите во професионалниот тенис бидејќи тие не можат да се детектираат на нормалните допинг тестови.

„Искрено, она што ми го кажа звучи како да зборуваш на кинески. Немам поим за што зборуваш, не знам дали е добро или не. Искрено, никогаш во животот не сум слушнал за тоа. Не можам да ти одговорам. Жал ми е“, рече Алкараз.

Меѓу другото, беше прашан за неговото соперништво со Јанико Синер, кое „се заканува“ да стане легендарно.

„Нема да го ставам големото соперништво што го имам со Јаник на ниво на тие легенди. За луѓето, за тенисот, мислам дека е одлично да имаат натпревар за кој се возбудени. Како што рековте, Борг-Мекежинро, Рафа-Роџер или Ѓоковиќ, големата тројка, еден против друг. Луѓето се возбудени секој пат кога играм против Јаник. Мислам дека се навистина квалитетни. Тоа се натпревари што веројатно го тераат некого да почне да гледа тенис“, рече Карлос.

Ролан Гарос е закажан од 25 мај до 8 јуни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Медведев му го нанесе првиот пораз на Алкараз годинава, во финалето на Индијан Велс ќе се бори со Синер

„Над 100 жени зад воланот: Женско Рели повторно ќе се вози низ улиците на Скопје”

Предраг Петровиќ

Реал во проблем пред реваншот против Сити

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ужас во Хрватска – Американецот заби, кошот падна врз него

Предраг Петровиќ

Формула 1 ги откажува трките поради конфликтот на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ