Алкараз лесно го совлада Медведев

Од:

Шпанскиот тенисер го совлада Русинот Данил Медведев со 7:5, 6:3 во полуфиналето на турнирот во Пекинг по 86 минути игра.

Така, тенисерот од Мурсија, кој по турнирот ќе се врати на второто место на светската листа, од почетокот на сезоната направи хет-трик на победи против Медведев.

Го победи во финалето на Индијан Велс, потоа во полуфиналето на Вимблдон, а сега и во полуфиналето во Пекинг.

Во првиот сет, по 2:2 имаше четири последователни брејка.

Сепак, Алкараз успеа уште еднаш да го скрши отпорот на петтиот светски играч во 11. гем и потоа сервираше за 7:5.

Во вториот сет Алкараз направи брејк во петтиот гем и поведе со 3:2.

При резултат 5:3, Медведев успеа да спаси три меч топки, од кои две со одлични сервиси, но со двојна грешка му даде и четврта шанса на противникот.

Тоа го искористи Алкараз и стигна до својата шеста победа во осумте меча со рускиот тенисер.

Младиот тенисер до финалето стигна без загубен сет, а во мечот за трофејот ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Жунчаокете Бу и Јаник Синер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

„Шлаканица“ за Синер, исфрлен е од конкуренција за спортист на годината

А1он

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ