Алисон Феликс со четврти резултат на сите времиња

Од:

Американските квалификации за настап на Олимписките игри донесоа уште еден неверојатен резултат.

Спринтерката Алисон Феликс патеката од 200 метри ја истрча со време од 21,69 секунди, што е четврти најдобар резултат во светото на сите времиња.

Резултатот на Феликс уште повеќе добива на значење бидејќи тоа е најдобриот резултат во светот истрчан во последните 14 години.

Феликс на патеката од 200 метри го освои првото место пред Кармелита Џетер (22,11) и Сања Ричардс (22,22).

Алисон Феликс во кариерата на оваа делница има два сребрени медали во Атина 2004 и Пекинг 2008 година. Во Лондон Феликс за златниот медал ќе се бори со спринтерката од Јамајка Вероника Кембел-Браун.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта