Алеш Пипан е новиот тренер на МЗТ Скопје

Од:

Словенецот Алеш Пипан вечерва треба да пристигне во Скопје, по што треба да се финализираат преговорите и да се официјализира договорот за соработка, по што тој на утрешната прес – конференција ќе биде претставен на јавноста.

„Деновиве имавме повеќе кандидати и повеќе разговори со различни тренери и мислам дека Пипан е правилниот избор. Тој вечерва доаѓа во клубот на финални разговори, откако начелно веќе ги договоривме деталите и за очекување е да дебитира на клупата на МЗТ на натпреварот против Црвена звезда во сабота“, изјави претседателот на МЗТ Скопје, Сашо Босилков.

Последниот ангажман на 53-годишниот Алеш Пипан му беше во Хрватска, Задар. Тој беше селектор на Словенија на Европските првенства во 2005-та и 2007-ма, како и на Светското првенство во 2006-та година, а ја предводеше и репрезентацијата на Полска на Евробаскетот 2011-та година.

МЗТ Скопје по пет кола во деби сезоната во јадранската АБА лигата има скор од две победи и три порази. Моментно се наоѓа на делба на седмото место на табелата со уште четири екипи.

Во шестото коло во сабота во СЦ Борис Трајковски (17 ч.) ја пречекува Црвена звезда.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он