Голманот на Вардар Игор Алексовски ги икскажа своите очекувања за денешниот осминафинален дуел од Купот на Македонија со Шкупи.
– Во секое натпреварување Вардар мора да оди на трофеј. Така ќе биде оваа сезона и во Купот на Македонија. Против Шкупи посакувам да бидеме вистинските, да пружиме добра игра и на крајот да дојдеме до посакуваниот резултат, а тоа е победа која што многу ќе ни значи пред натпреварот со истиот противник и во првенството. Посакуваме триумф и со предност да одиме на реваншот, изјави Алексовски за клупскиот сајт на „црвено-црните“.
Ќе дадеме максимум да одиграме најдобро што знаеме и на крајот се надевам дека тоа ќе биде доволно да оствариме победа во овој прв натпревар и да ја продолжиме таа серија која трае во првенствените натпревари, додаде Алексовски.
Вардар и Шкупи се среќаваат денес од 13 часот на неутрален терен во Ѓорче Петров.