Поранешниот англиски селектор Сем Алардајс е наследникот на Хрватот Славен Билиќ на клупата на Вест Бромвич Албион, соопшти вечерва официјално премиерлигашот од Бирмингам.
Алардајс потпиша договор на 18 месеци, а ВБА е првиот клуб по заминувањето од клупата на Евертон во мај 2018 година. Новиот менаџер на ВБА во минатото ги водеше екипите на Болтон, Њукасл, Блекбурн, Вест Хем, Сандерленд и Кристал Палас.
Алардајс во 2016 година беше назначен за селектор на Англија, но остана на должноста само 67 денови и беше принуден да поднесе оставка, поради вмешаност во скандал околу продажба на фудбалери.