Веке е извесно дека Винченцо Нибали ќе го осви овогодинешниот Тур де Франс откако денеска на 13-та етапа без проблеми стигна прв на врвот без конкуренција.
Ричи Порт, главниот адут на Скај по испаѓањето на Фрум, „пукна“ на половина од последната нагорнина и задоцни речиси 9 минути.
Валверде почна со напад на 10 километри до целта, Нибали почна да го следи, а кога веќе немаше сила почна да успорува, а „Ајкулата од Месина“ почна сам да граби до победата и до огромна преднссот во поредокот за жолтата маичка со 3.37 пред Валверде.
Трет во поредокот за жолтата маичка е Роман Барде со 4.24 минути зад водечкиот.