Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро се здоби со скршеници на ребрата откако рано утрово доживеа сообраќајна несреќа во Амстердам.
Агуеро (29) утрово заедно со уште две лица, враќајќи се од концертот на неговиот омилен пејач Колумбиецот, Малума, бил повреден во сообраќајна несреќа.
Такси возилото во кое се наоѓал Агуеро, а патувало со голема брзина во обид навреме да стигне на амстердамскиот аердодром за да го стигне летот за Манчестер удрило во заштитни столбови.
Аргентинецот избегнал посериозни повреди благодарејќи на сигурносниот појас, но се здобил со скршица на ребрата, а имал и повреди на рацете, па според весникот Агуеро го очекува пауза од најмалку два месеци.
Од тимот на Манчестер Сити сеуште ја немаат потврдено информацијата, за состојбата на нивниот прв голгетер.