Агресивен старт на новата F1 сезона

Од:

Пирели ги објави номинациите на пневматиците за првите четири трки од сезоната во 2013 година, од кои првата се издвојува по агресивната селекција на „супер-меките“ гуми.

Соодеветно на неодамнешните најави од Пол Хембери дека компанијата ќе направи похрабар избор на пневматици за 2013 година, кои што ќе гарантираат најмалку две влегувања во боксот, за првата трка во Мелбурн номинирани се „медиум“ и „супер-меките“ гуми. Ова е најмеката постава што досега Пирели ја носи во Австралија, бидејќи во 2011 се возеа „тврди“ и „меки“, а лани „медиум“ и меки“.

Сепак, за Малезија, изборот на „тврди“ и „медиум“ останува непроменет во поглед на имињата на гумите, бидејќи според најавите гумите во 2013 ќе бидат уште помеки од лани, кога на абразивниот асфалт во Сепанг се очекуваа и по четири застанувања во боксовите. За Кина и Бахреин останува ланскиот избор од „медиум“ и „меки“, за разлика од првата сезона кога конзервативниот пристап значеше употреба на „тврдите“ гуми во првите пет трки.

Иако не се објавени гумите за подоцнежните трки, речиси е извесно дека Монако и Канада ќе ги задржат досегашните номинации за „меки“ и „супер-меки“, додека во Барселона без „тврдите“ едноставно нема трка.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он