„Аеродромци“ вечерва во Загреб со 80:78 триумфираа против Цедевита

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по вторпат сезонава во регионалната АБА лига ја совлада Цедевита. „Аеродромци“ вечерва во Загреб со 80:78 триумфираа против екипата со најголем буџет во ова реномирано натпреварување.

Победата за македонскиот претставник дојде како награда за стпрливата игра во текот на целиот натпревар и покрај постојаната негатива која во еден момент изнесуваше и девет поени. Сепак со борбена и пожртвувана игра, тактички одлично воден од тренерот Алеш Пипан, македонскиот претставник успеа резултатски да се врати во игра и да направи уште едно големо изненадување во дебитанскиот настап во АБА лигата.

Резултатот по четвртини: 22:20; 19:16; 20:20 и 17:24. Направената разлика од седум поени во последниот период беше доволна МЗТ на крајот да се радува.

Кирил Николовски со 15 поени беше најефикасен во нашиот претставник, а двоцифрен број поени постигнаа и Дамјан Стојановски – 14, Тодор Гечевски – 13 и Огнен Стојановски – 13 кој ги постигна победничките два на 3 секунди пред крајот.

За МЗТ Скопје Аеродром ова беше 21.ви настап и 11 победа што му дава шанси во последните пет кола да се бори за горниот дел на табелата.

Резултати на другите завршени средби од 21.коло во АБА лигата: Шолнок – Унион Олимпија 89:72, Сплит – Крка 61:71 и Будуќност – Широки 65:57.

Во вториот денешен дуел, Црвена Звезда во Белград ќе му биде домаќин на градскиот ривал Партизан. Последните два натпревари од ова коло ќе се одиграат утре, а двојките се: Игокеа – Задар и Раднички – Цибона.

Табела: Игокеа 15-5 (победи-порази), Црвена Звезда 14-6, Партизан 13-7, Будуќност 13-8, Раднички 12-8, Цедевита 12-9, Унион Олимпија 11-10, МЗТ Скопје Аеродром 11-10, Крка 9-12, Цибона 7-13, Задар 7-13, Широки 7-14, Сплит 7-14 и Шолнок 6-15.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он