Роман Абрамович, сопственикот на премиерлигашот Челзи бил одлучен на „Стемфорд Бриџ“ да го донесе Радамел Фалкао од Атлетико Мадрид. За таа цел рускиот милијардер веќе подготвил сума од 58 милиони евра, пишуваат англиските медиуми.
Колумбиецот Фалкао е актуелен играч на Атлетико Мадрид и според договорот со клубот, за евентуален негов трансфер заинтересираните ќе треба да платат 60 милиони евра.
Понудата на Абрамович до Фалкао е четиригодишен договор со „сините“ од Лондон според кој колумбискиот фудбалер би заработувал 11,6 милиони евра годишно.