Абрамович му ја предал контролата на фирмата на директорот на Челзи на денот на инвазијата врз Украина

Од:

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович ја префрлил компанијата што ја контролирал со инвестиции од десетици милиони долари на директорот на англискиот фудбалски клуб Челзи на денот кога Русија ја нападна Украина, покажаа корпоративните документи во Велика Британија.

Тоа беше вторпат сопственикот на Челзи, Абрамович да го префрли имотот на близок соработник пред Британија и ЕУ да воведат санкции против него овој месец.

Откако Британија првично беше побавна од САД и Европската Унија во воведувањето санкции по инвазијата на 24 февруари, британските пратеници се пожалија дека Владата им дава време на олигарсите да ги префрлат своите средства надвор од земјата пред да бидат објавени какви било ограничувања. Засега нема коментар од Абрамович и од британската Влада.

Абрамович (55) стана еден од најмоќните руски претприемачи главно од нафта и алуминиум за време на хаотичните последици од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Списанието „Форбс“ минатиот месец ја објави нето вредноста на неговото богатство на повеќе од 13 милијарди долари.

Велика Британија и ЕУ воведоа санкции, како што се з амрзнување на имотот на Абрамович и стотици руски поединци и ентитети, насочени кон лица обвинети дека го поддржуваат рускиот претседател Владимир Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина