Јусеин Болт го освои третото злато на Олимпијадата во Рио, откако штафетата на Јамајка ноќеска победи во трката на 4х100 метри.
Тој заедно со Асафа Пауел, Јохан Блејк и Никел Ашмеда истрчаа време 37,27 секунди доволно за највисоко место на победничкиот подиум.
Изненади Јапонија со освојување на второ место (37:60) трети беа спринтерите на САД со време 37.64, но беа дисквалификувани поради газење на линијата на Тајсон Геј.
Болт претходно беше најбрз и на трките на 100 и 200 метри.
Ова е деветто олимписко злато за Болт по што се изедначи Американец Карл Луис, кој исто така има освоено девет најсјајни одличија на Олимпијадите, но тој има освојувано во скок во далечин, а има и сребрени медали од олимпијадите.
Синоќа се одржаа уште четири финалиња во атлетските дисциплини.
На 4х100 метри во женска конкуренција победија САД, пред Јамајка и Велика Британија.
Во фрлање кладиво Дилшод Назаров од Таџикистан го освои златото, Иавн Тикан од Белорусија беше втор, а бронзата отиде кај Војчик Новицки од Полска.
На трката на 5.000 метри најбрза беше Вивијан Чериот од Кенија, пред сонародничката Хелен Обири и Алмаз Ајана од Етиопија.
Во скок со стап најдобар резултат оствари Екатерини Стефаниди од Грција 4.85 метри, пред Сенди Морис од САД 4.85 и Елејза Мекартни од Нов Зеланд 4.80 метри.