Кире Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација истакна дека се уште постојат шанси тој да настапи на престојните натпревари на Европското првенство во Хрватска, по повредата што ја заработи на дуелот со Шпанија.
– Сè уште правиме анализи. Не можам ништо да кажам, бидете трпеливи, изјави предводникот на националниот тим.
ЕХФ претходно објави дека Лазаров нема да игра до крајот на првенството, а тоа уште вчера го најави и селекторот Раул Гонзалез.
Во текот на утрешниот ден би требало официјално да биде потврдено од страна на РФМ дали Лазаров ќе биде во тимот за мечот со Чешка кој ќе се игра во терминот од 20 часот и 30 минути. Веќе следниот ден, среда, нашата репрезентација го игра и последниот натпревар од групата во Вараждин против фаоворизираната селекција на Данска. Доколку „црвено-жолтите“ се изборат за победа на овие дуели и натаму имаат шанса за посакуваното полуфинале.