Актуелниот шампион во Формула 1 младиот Германец Себастијан Фетел од Ред Бул ќе стартува прв на утрешната трка за Големата награда на Јапонија што ќе се вози на патеката Сузука.
Германецот делуваше импресивно на денешните квалификации за пол-позицијата, остварувајќи за четвртина секунда подобро време од својот тимски колега, Марк Вебер, кој го освои второто место.
Трето најдобро време имаше Џенсон Батон од Мекларен Мерцедес, но британскиот возач ќе стартува како осми поради казната од пет позиции за предвремена смена на менувачот на брзини во неговиот болид.
Поради ова, третото место му припаѓа на Кобајаши, пред Грожан и Перез, додека лидерот во генералниот пласман, Фернандо Алонсо, ќе ја стартува утрешната трка од шестата позиција. Седмопласиран на денешните квалификации е Кими Раиконен, додека Луис Хамилтон по обелоденувањето на трансферот во Мерцедес ГП го освои деветто место.