Денеска се навршуваат 25 години од смртта на Енцо Ферари, основач на легендарната фабрика за спортски автомобили и најстарата активна екипа од Формула 1.
Познат како Ил Комендаторе, би бил горд да го види денешниот успех на Ферари, етаблирањето како индустриска и спортска институција, со милиони обожаватели низ светот.
По неговата смрт во 1988 година, на трката во Монца возачите на Ферари триумфираа со 1-2 победа, што е единствената победа од друга екипа во сезоната кога возачите на Мекларен, Сена и Прост, освоија 15 победи во 16 трки.